Канцеларката треба да обезбеди ред на границите на Германија во рок од 2 недели

Премиерот на Баварија и лидер на Христијанскоцијалната унија Хорст Зеехофер денес упати ултиматум до канцеларот Ангела Меркел. Тој ја предупреди дека ако за две недели не обезбеди ред на границите на Германија, тој ќе поднесе тужба во Уставниот суд, соопштува списанието. Der Spiegel.
“Во следните 14 дена ние ќе побараме писмено од федералната влада да го врати редот на границите (…). Ако тие не го сторат тоа, за владата на Баварија не останува ништо друго освен да се сврти кон Уставниот суд “, рече Зеехофер.