Денеска во Клубот на пратеници ќе се одржи итна средба на работната група во врска со договорот од Пржино и прашањето за избрите, информира белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.. Се очекува прецизирање што е направено, што дас е досреди и објаснување дали ДИК навистина е спремна !
Средбата доаѓа по пропаднатата лидерска средба во петокот, кога лидерите на четирите најголеми политички партии со посредништво на еврокомесарот Јоханес Хан и американскиот амбасадор Џес Бејли по повеќе од 12 часа не успеаја да се договорат за датумот на кој ќе се одржат изборите.Власта сака 24 Април, опозицијата сака фер услови пред тоа па ден за избори!
Еврокомесарот Јоханес Хан даде две спротиставени изјави и ја покажа недоследноста на Брисел ипозиции, исто како со контрадикторните ставови на Евопа со бегалската криза и мигрантите. Во петокот очигледно наклонет кон позицијата на Никола Груервски се обиде да раскажува дека треба избори и дека тие ќе набљудуваат и ОБСЕ и ОДХР биле спремни и ЕУ, но го премолча фактот дека дебатата е до датумот и фер атмосфера, а не самиот ден.ХАн се обиде да спинува, во стилот ако промине, ќе фокусираме само датум без целосни услови.
Појаснување даде амбасадата на САД во Скопје, иако Бејли цело време климаче со главата во знак на одобрување на тоа што го зборува Хан додека на големно објаснуваше дека треба избори без условно.
Американската амбасада која соопшти дека Македонија може да успее само преку веродостојни избори, а тоа ќе бара од сите четири партии да направат тежок избор. 
По пропаднатите преговори, од амбасадата порачуваат дека договорот од Пржино останува вистинскиот и најдобриот пат за излез од политичката криза.
„Како и европската унија, ние целосно го поддржуваме спроведувањето на договорот и сме ангажирани да и помогнеме на Македонија при неговото исполнување. Жал ни е што четирите политички лидери не успеаја вчера да постигнат консензус за отворените прашања, особено во однос на датумот на изборите и медиумите. Ќе останеме и понатаму во контакт со партиите и институциите. САД сакаат Македонија да успее и начинот за да го направи ова е преку веродостојни избори. Тоа ќе бара од сите четири политички партии да направат тежок избор“, оценуваат од американската амбасада во Македонија.
Веднаш по тоа и Хан се коригира и дообјаснува што мислел уствари, откако доби јасен став од лидерот на СДСМ Зоран Заев дека нема да се оди на такви избори , кои по ништо не се различни од претходните- СДСМ ќе ги бојкотира.
Од СДСМ му појаснија на ХАН дека суштината на договортот од Пржино беше не да се договори датум туку да се создадат услови, не за набљудување, туку за спроведување, и дека ваквото толкување на власта заедно со петочните блефирања на ХАН , значат договорто од Пржино е МРТОВ.
Па така Хан ретерира а неговиот кабинет се дообјаснува дека: Фер избори се многу поважни од датумот на избори. За еврокомесарот Јоханес Хан суштината и содржината на политичкиот процес, кој произлегува од договорот од Пржино, е поважна од догматско држење до датумот за избори, велат од кабинетот на еврокомесарот во појаснување на неговите позиции по вчерашните разговори во Скопје.КОј знае што го натера Хан за 24 часа да даде две спротивно изјави. Кој знае дали воопшто треба слепо да се држат сите до некоенгзистетноста на Европа која се повеќе е разногласна и веќе се губи во кличните одлуки, коментира радикалната експертска јавност.
Со оглед на тоа што една од 4-те партии и дел од граѓанските организации сметаат дека не се можни фер и демократски избори во април, тоа треба да се земе предвид и лидерите на 4-те партии треба да седнат и да се договорат за датумот за избори, ретерира ХАН. За еврокомесарот , како што велат од неговиот кабинет, е важна и посветеноста на сите 4 партии на договорот од Пржино во целина, независно од датумот за избори. За ова Хан добил уверување од сите лидери.
Еврокомесарот сака да види избори со учество на сите 4 партии и ќе продолжи да го поддржува процесот што ќе обезбеди фер и демократски процес. За Хан, сега велат од неговиот кабинет, било важно да се прочисти избирачкиот список и да се обезбеди рамноправна медиумска можност за сите учесници на изборите да ја презентираат својата понуда, а граѓаните да имаат пристап до точно и објективно информирање.
Денеска на состанокот на партиите во клубот на пратениците се очекува и да се изјзасни ДИК дали навистина биле спремни како што изјави премисоет Никола Груевски како што демек му кажал Хан
Медијаторот Питер Ванхојте ,веројатно само тој за денеска, ќе даде диполматско објаснување дека сите се подготвени да продолжат натаму со преговорите. Другите ќе молчат како што молчат и досега по колапсот на Пржино. Реално и немаат каде ниту Груевски ниту ЗАЕВ ниту спотерите и статисти Тачи и Ахмети, особено поради тоа што се поизсвесно е окрупнувањето на третиот блок кој го влече Трајанов со Демократкиот сојуз, чии барања се многу конкретни: Влада за национален спас и вклученост на целиот политички и интелектуален капацитет на државата, а не само на извиканата четворка која има концепт за владеење, власт во личен интерес и партијата а не од интерес на граѓаните и просперитетот на Македонија.25 годичното самом менување на кормиларот и тапкањето во место е јасен показ дека целта не е систем за владење на правото и просперитет туку владеење над правото порачуваат демократите на новиот Сојуз, надвор од „големата четворка“.