Македонската ракометна репрезентација вечерва во преполната Арена Краков го одигра својот втор натпревар од Европското првенство во Полска 2016. Противник беше составот на домаќинот Полска. По 60 минути изедначена борба, Македонија имаше можност за бод но шансата беше пропуштена за конечни 24-23 во полза на Полска.

Најефикасен во составот на победничката екипа беше Сипжак со 6 погодоци, додека во нашиот состав Кирил Лазаров во 8 наврати успешно го пронајде патот на противничката мрежа.
Следниот натпревар Македонија го игра во вторник против репрезентацијата на Србија во терминот од 18:15h.