Харвард : Грчките преговори со доверителите на врвот на листата “најлоши преговарачки тактики”

од desk4
86 прегледи

Преговорите  за третиот финансиски пакет  на Грција со меѓународните кредитори , кои ги водеше левичарската влада на Алексис Ципрас, се најдоа на листата  “најлоши преговарачки тактики за 2015” на Правниот факултет на Харвард.

cipras merkel

Иако бараше помош од кредиторите, Алексис Ципрас се обрати со борбен тон кој не наиде на добар прием , пишува на блогот “Програма за преговори” на еден од најпрестижните факултети во светот.

Незадоволен од понуденото Ципрас распишува референдум за да на крај биде приморан тој и неговиот тим да прифатат уште полош пакет, откако Грците го одбиле понуденото, а нивната економија западна во уште полоша криза,  стои во анализата на  факултетот.

– Поуката која може да се извлече од ова е дека посмирен тон може да ве однесе подалеку кога имате смели желби, наведено е на блогот на Правниот факултет на Харвард.

Второ и трето место на листата земаат преговорите на американската Влада, кои бе почнати во 2015-та година со цел да се обноват дипломатските односи со Куба и напорите на Вашингтон да постигне договор со Техеран за иранската нуклеарна програма.