Менхетен ја доби првата кабина за мастурбација на улица

од desk4
103 прегледи

844c3a794f90d1fdfa98328263ed4684

“Hot oktopus”, компанијата која произведува сексуални играчки промотивно пред Њујорчани ја претстави “Guy Fi” кабината во која мажите би можеле да се “ослободат од стресот” во текот на работниот ден.

Овој маркетиншки потег е донесен по истражувањето на јавното мислење според кое 39% од граѓаните во Њујорк признале дека мастурбираат на работа.

Според идејата на компанијата, кабината е поставена за да се искорени навиката на мастурбација во канцеларија во опкружувањето кое многу повеќе одговара и кое е дизајнирано да им пружа приватност на луѓето во Менхетен.

Кабината е практично поранешна телефонска говорница која веќе не се користи, внатре има стол на расклопување, лап топ , а од надворешноста оглас “Hot oktopus”

Од компанијата велат дека ова е решение за подобрување на секојдневниот живот , но со препорака дека ова не е охрабрување за да се мастурбира на улица бидејќи е забрането со закон.