Куса средба Попоски – Коѕиас утрово во Брисел

од desk3
86 прегледи

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска имаа куса средба во Брисел.

kodzijas popovski

Блиц-средбата на двајцата министри се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ, кој се одржува во европската престолнина и на кој присуствуваат и Коѕиас и Попоски.

Според информациите од грчкото министерство за надворешни работи, Коѕиас и Попоски разговарале за спорот за името и за последните случувања со бегалската криза. Тема на разговор биле и последните внатрешнополитички случувања во Македонија околу Договорот од Пржино.

Ванхауте: Да не се држиме до роковите, прво да се прочисти Избирачкиот список

Со оваа средба продолжува позитивниот тренд да се користи моментот кога двајцата министри се на исто место во исто време, да се разговара за билатералните односи.

Ова е втора средба на Коѕиас и на Попоски во рок од еден месец.

Попоски ја посети Атина точно пред еден месец, на 18 декември, и со Коѕиас разговараше за сите прашања од билатерален интерес.

Средбата доаѓа и две недели по посетата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Атина и на грчкото министерство за надворешни работи.

 

META