ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ja прифатија методологијата подготвена од ДИК за чистење на избирачкиот список

од desk3
83 прегледи

ДУИ испрати соопштение во кое соопштува дека ја прифаќа предложената и подготвената Методологија од страна на Државната Изборна Комисија за чистење на избирачкиот список.

ali ahmeti johanes han

Демократската Унија за Интеграција го презема овој чекор со цел да се надминат сите можни пречки за изборниот процес и ги повикува сите страни да го дадат нивниот придонес за да се заклучи овој важен процес за земјата.

Љубљана: Ако Берлин и Виена ги затворат границите ние ќе го направиме истото за една секунда

Демократската Унија за Интеграција ја запозна Државната Изборна Комисија за оваа одлука и се надева дека партиите ќе ги стават државните интересите на пред партиските интереси, се вели во соопштението.

И владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја прифати методологијата.

“ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила.

Дик има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори.
ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера.”-стои во писменото сооптение на ВМРО-ДПМНЕ