Само ПР игра, нема “ниту правна,ниту политичка” логика во одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за да оди на избори на 24 април

од desk3
115 прегледи

Денеска провладините медиуми објавија информација дека ИК на владејачката ВМРО-ДПМНЕ одлучиле дека ќе одат на избори на 24 април.

Ilce

Неколку часа претходно пак коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак испратија писмени соопштенија дека ги повлекуваат сите амандмани и дека се согласуваат со методологијата за прочистување на избирачкиот список предложена од ДИК.

ali ahmeti johanes han

“ДУИ ја прифаќа предложената и подготвената методологија од страна на Државната Изборна Комисија за чистење на избирачкиот список. Демократската Унија за Интеграција го презема овој чекор со цел да се надминат сите можни пречки за изборниот процес и ги повикува сите страни да го дадат нивниот придонес за да се заклучи овој важен процес за земјата. ДУИ ја запозна Државната Изборна Комисија за оваа одлука и се надева дека партиите ќе ги стават државните интересите на пред партиските интереси”- се вели во соопштението на помалиот коалициски партнер во власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ го испратија следново соопштение со кое исто така се согласија со методологијата:

vmro_dpmne_logo-24185

“ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на Избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила.
Дик има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги превземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори.
ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера”- стои во соопштението.

aleksandar_cicakovski_0

А сега да се потсетиме на вчерашнто соопштение кое го лиферуваше претседателот на ДИК Чичаковски за да стане појасна медиумската игра со роковите за избори:

“Почитувани, сакам да Ве известам дека сите овие три фази – административните проверки, теренските проверки и постапките за вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, согласно Изборниот законик, потребно е да се спроведат во периодот од денот на усвојувањето на двете методологии, до денот на ставањетона избирачкиот список на јавен увид. Проценките кои се базираат на некои анализи направени заедно со службите се дека за овие постапки ќе ни бидат потребни некаде околу 3 до 4 месеци, за да може да добиеме доверба во избирачкиот список. На прашањето дали на 24 април може да се спроведат избори, мојот одговор е дека технички изборите може да се спроведат, меѓутоа проверка и прочистување на избирачкиот список неможе да се спроведе, што значи дека неможе да се обезбеди ниту избирачки список во кој сите ќе имаме доверба.“- стои во соопштението на Чичаковски .

И сега проста математика. Од денеска до избори има 3 месеци и 7 дена. Чичаковски вели дека според методологијата за прочистување на избирачкиот список се потребни 3 до 4 месеци за да се добие беспрекорно чист избирачки список. А денеска пак двете владејачки партии се согласуваат со методологијата која ги определува овие рокови. Значи, може слободно да се заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ одлучиле да одат на избори без прочистен избирачки список кој треба да биде верифициран и од опозицијата!

И сега и за овие правно политички нелогичности имаат објаснување, ама единствено  ПР објаснување, бидејќи во Изборниот законик точно се утврдени роковите кога се заклучува Избирачкиот список (да не заборавиме дека вистината е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи држат 95 % од влијателните медиуми во државата) . А тоа е: Набивање на медиумска тензија дека ќе се оди на избори за да се предизвика впечаток кај електоратот дека СДСМ несакаат избори за да се девалвираат (во континуирана кампања) и посочат дека тие се виновниците за политичката криза

А дека ВМРО-ДПМНЕ и не е толку слободна на меѓународен план во однос на домашната криза говори и денешната изјава на Хан од Брисел каде што порачува дека треба да се најде датум и да се направи компромис за да се одбија кристално чисти избори и изборен процес. А сепак останува “методолошката можност” ВМРО-ДПМНЕ да се толку “мажи” па и да противречат и на ЕУ и на САД.

El comisario europeo de Política Regional, Johannes Hahn, mientras el presidente del Comité de las Regiones está dando su discurso sobre ayudas a las regiones

Вака денеска дописникот на МИА ја пренесе изјавата на Хан:
“Потврдувајќи дека 5 јуни како ден кога ќе се одржат изборите бил исто така на маса во преговорите во петокот, Хан рече дека „негова поента е едноставно да се гарантираат изборите”.
– Тоа ќе биде голема можност бидејќи се ќе биде добро подготвено, фер и транспарентно, според меѓународните демократски стандарди. Направив се за да го обезбедам потребното набљудување, на пример ОДИХР ќе испорача 24 долготрајни набљудувачи. Како за пример, во Турција тие имаа 30 такви набљудувачи и за една мала земја во споредба со Турција да има 24 е многу, како и 300 на изборниот ден. Мојата поента е дека е важно да се има избори според нашите стандарди со цел да се поврати кредибилитетот на земјата. Ова е важно и за да се има следен чекор, да се убедат нашите земји-членки да почнат преговори“, истакна Хан.

Запрашан зошто се разговара за друг датум и што е сменето по неговата изјава во петокот вечерта, со оглед на тоа дека добил гаранција од ОДИХР, но и од претседателот на ДИК дека изборите може квалитетно да се спроведат на 24 април, Хан со одговор:

– Двете страни ми кажаа пред петочниот состанок дека се уште е можно да се обезбедат избори, како на пример претседателот на Државната изборна комисија рече дека има потреба од луѓе за компјутерска технологија и за правници за да се справуваат со жалбите, но исто така и за луѓе да прават теренска проверка што беше потврдено од Владата, од каде рекоа дека ќе ги удвојат вработените за таа цел. Но, уште еднаш мислам дека е поважно ако е можно да има договор меѓу сите партии, бидејќи ова е нешто што успеавме за време на минатите месеци да го имплементираме договорот од јуни/јули, потенцира Хан.”

(ВИДЕО) Хан: “5 јуни” ќе биде голема можност бидејќи се ќе биде добро подготвено, фер и транспарентно

И сега пресметајте ги самите роковите и споредете ги тезите и изјавите и ќе дојдете до вистината!

Сепак сакам да посочам дека оваа моја теза не треба да се сфати како ПР одбрана на позициите на опозицијата. Напротив! Треба само да се разбере само како осуетување (заштита на јавниот интерес) на медиумска политика на власта, а она што е побитно e дека  ПР тимот на СДСМ треба да изготви контра пропагандна медиумска политика за да ја зацврсти својата  позиција (јасно е само дека вистината е секогаш во рацете на ВМРО-ДПМНЕ бидеј.и држат 95 % од влијателните медиуми во Македонија)

ФЃ