
Претседателот Ѓорге Иванов вечерва му го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на г. Емил Димитриев. Сега останува вечерба Собранието да го верификува неговиот мандат и веднаш потоа собраниското мнозинтсво за го саморапушти собранието.
Ден на политички инфаркти, преврати и искушенија: Ќе има ли избори, кога и со кого?
Доколку вечерва се самораспушти Собранието, владејачкото мнозинство ќе го суспендира и договорот од Пржино бидејќи сега согласно чл. 63 ст. 3 од Уставот изборите треба да се одржат во рок од 60 дена.
чл.63 ст. 3 од Уставот: “Избори за пратеници се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието”
Тоа значи дека сега изборите мораат да се одржат на 18 март, а не како што предвидува Договорот од Пржино на 24 април.
Сега евентуален легален излез од овој правно-политички вакум може да понуди Уставниот суд.
Пратеникот Павле Трајанов од Собраниската говорница изјави дека одлуката за саморапуштање ќе ја оптужи пред Уставниот суд. Од кога ќе биде оспорена одлуката за самораспуштање уставниот суд прво ќе треба да ја утврди својата надлежност за проблемот.
Чл 110 од Уставот на РМ
Уставниот суд на Република Македонија:
– одлучува за согласноста на законите со Уставот;
– одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;
– ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
– решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
– решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
– одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;
– одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и
– одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.
Опозицијата денеска ја напушти собраниската сала при одлуката за ставање на дневен ред на точката за самораспуштање на Собранието и засега се очекува следниот потег на СДСМ и опозициската коалиција.