Едногласна одлука на СДСМ и здружената опозиција: Не учествуваме на избори на 24 април

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев доби едногласна поддршка од коалициските партнери од здружената опозиција.

Sredba Zaev so koalicija3

На вечерашната средба на претседателот Заев со коалициските партнери, на којашто присуствуваше и Стево Пендаровски изразена е единственост во позициите за чекорите што се преземаат и ќе се преземаат во врска со политичката ситуација во земјава. СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори.

Sredba Zaev so koalicija1

Избирачкиот список мора да се прочисти. Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите. Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија и само на такви избори ќе учествува опозицијата.

За СДСМ и коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април. СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април.

Sredba Zaev so koalicija2

Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.

Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста, се вели во соопштението од СДСМ кое вечерва беше испратено до јавноста.