Психолози од Харвард: Луѓето ве ценат врз основа на прашања базирани на довербата

од desk4
81 прегледи

download (7)

Може ли да и верувам на оваа личност?

Може ли да ја почитувам оваа личност?

Ова се двете прашања кои сите луѓе си ги поставуваат кога ќе ве сретнат за прв пат. Ејми Кади, професорката од Харвард веќе 15 години се занимава со проучување на механизмите кои ќе помогнат да ги донесеме вистинските заклучоци за личноста која штотуку сме ја запознале.

Интересно е што повеќето луѓе, особено колегите сметаат дека компетентноста е важен фактор, бидејќи сите сакаат да докажат дека се доволно паметни и талентирани за да ја извршуваат работата.

images (1)

Најважно од се е довербата или топлината на луѓето, кои ги прават проценките за вас, анализираат психолозите.

– Од еволутивна перспектива, многу значајно за нашиот опстанок е да знаеме дали некоја личност заслужува доверба или не, вели Кади , професорката од Харвард и додава дека кога веќе довербата е воспоставена се преминува на евалуација на другите особини.

На крај, луѓето кои премногу се трудат, може да доживеат непријатност кога ќе сфатат дека не ја добиле понудата за работа бидејќи работодавачот не стекнал впечаток дека може да им верува.