ОБСЕ-ОДИХР го демантира Хан

од desk3
134 прегледи

Наспроти тврдењето на еврокомесарот Јоханес Хан дека добил уверување од генералниот секретар на ОБСЕ и од директорот на ОДИХР дека се можни фер и демократски избори на 24 април во Македонија, од ОДИХР велат дека не се вклучени во администрирање на изборите туку дека имаат само набљудувачка улога-пренесе Алсат.

han

„Ние не сме вклучени во администрирањето на самите избори туку ќе делуваме како непристрасни набљудувачи. Комесарот Хан се осврна на присуство на ОДИХР во нашата набљудувачка улога со оглед на тоа што ние не играме улога во изборниот процес“, велат од ОДИХР за Алсат-М.

Но, Хан во петокот вечер во Скопје изјави:

„Во четвртокот имав контакти со директорот на ОДИХР и со генералниот секретар на ОБСЕ. Двајцата потврдија дека ако сите во земјата се посветени, би можело да се имаат фер, транспарентни и демократски избори во согласност со нашите европски и меѓународни стандарди.“

Повеќе ТУКА