Спасовски ja напушти конференцијата на Вишеградската група во Прага

од desk3
64 прегледи

Заради новонастанатата политичка ситуација во Р. Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прекина престојот во Прага и најавеното учество на  конференцијата на Вишеградската група. На конференцијата  зедоа учество амбасадорот на РМ во Чешка, г.Паскал Стојчевски и претставник од министерството за внатрешни работи на Р. Македонија-информираа од МВР.

oliver-spasovski2

На денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на В4, се разгледуваа актуелните прашања за внатрешната безбедност на ЕУ, конкретно реакцијата на европските земји на миграциската криза и борбата против тероризмот, со акцент на предлогот за ревизија на актуелната Директива за огнено оружје.

На вториот дел од состанокот, во проширен состав со партнерите од Македонија, Србија и Словенија, ќе се дискутира за можностите за засилување на соработката во областа на миграцијата и заштитата на границите во регионот на западен Балкан.

ОБСЕ-ОДИХР го демантира Хан

Разговаравме за соработка со земјите на западниот Балкан (Македонија, Србија и Словенија) со чии претставници ќе разговараме и подоцна околу помошта, како на пример таа што веќе е испратена во форма на полиција, техничка или финансиска поддршка, како и останати потреби кои овие земји ќе ги побараат, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец на денешната прес конференција по состанокот на земјите на Вишеградската четворка (В4) во Прага.
Претставниците на В4 (Чешка, Полска, Словачка и Унгарија), како што нагласи Хованец ги повикуваат земјите од западниот Балкан да се изјаснат со што може оваа година да им се помогне, јави дописникот на МИА.

– На денешната дебата го допревме и прашањето за тоа дека се уште за нас останува приоритет исполнувањето на ветувањето за функционирање на прифатните ,,хот спот- центри”. Заклучивме дека е многу важно во врска со нив да се решава и безбедносното прашање на мигрантите кои доаѓаат, рече Хованец објаснувајќи дека тие луѓе треба да се проверуваат.