Хан се збунил- се враќа во Скопје ќе ја поправа грешката

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан  сега ќе се обидува  да ја убеди опозициската СДСМ  да учествува на изборите. Затоа во февруари повторно ќе дојде во Скопје со план од три точки, најавуваат од неговиот кабинет во Брисел за Нова тв.han-przino_1

Хан е сериозно загрижен што изборите се распишани без согласност на опозицијата откако партиите не се договорија во петокот во негово присуство. Но е збунет од опозицијата која одбила избори  и  на петти јуни на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Хан бил зачуден и што СДСМ не инсистира на реформите што ги содржи извештајот на Прибе и на кои инсистира ЕК Но Европската Комисија е свесна за ризиците на кои е изложена Македонија и затоа го испраќа  назад Хан во Скопје во нова мисија. Според Нова, тој ќе се обиде да издејствува да се одржат избори кои ќе бидат кредибилни. Неговиот план  предвидува :

  1. Целосно прочистен избирачки список и зајакната државна изборна комисија
  2. Непречен пристап на опозициските партии до сите медиуми и набљудувачи на СДСМ во Агенцијата за аудио-визуелни медиуми
  3. Проверка на подготовките на изборите од ЕУ, ОДИХР и НВО

Кога избори? или „Хан – Mission IМPOSSIBLE“

Проблем на ХАн  е и мисијата на ОБСЕ ОДИХР, кои по овие најави на Хан дека ќе учествуваат во подготвката на изборите во Македонија, денеска се оградуваат и велат дека нивната мисија е исклучиво набљудувачка. Од ОДИХР  во Варшава најавуваат во следните недели дека ќе пристигнат набљудувачите, но нема да  гарантираат какви .ќе бидат изборите.

“Само набљудуваме што се случува во земјата за времe на изборниот процес. Ние ништо не гарантираме. Нашата единствена мисија е да набљудуваме.очекуваме подобрувања, сеедно каде сме и што набљудуваме. Ние не гарантираме, немаме административна улога во изборниот процес“, вели Лорен Барановска од ОДХР.

Ова е ретерирање на ОБСЕ ОДИХР откако уште минатиот четврток во соопштение побараа изборите да се одржат на 24 април како што стои во договорот во Пржино. Оттаму подготовките на изборите по се изгледа ќе ги следи само еврокомесарот Хан и од Брисел уверуваат дека ако утврди дека има каков било проблем тоа отворено ќе биде кажано. /Телма