Уставот на РМ како тетратка на “забаваче”- си ја разбира кој како што сака…

од desk3
127 прегледи

И ова теза треба да ја започнам со правно толкување “интензивно или екстензивно”… онака како што се учи на Правен факултет каде што се студиите по новинарство… ама толку е перверзна политичко-правната состојба што веќе со наука не се објаснуваат актулените случувања… А вчера во само еден ден, беа прекршени неколку членови од Уставот на РМ, а само поради ПР кон лаиците кои се мнозинство во општетсвото, пратениците од владејачкото мнозинство се однесуваа како се да е според Уставот… ама сепак во државава има и 30% паметни и образовани луѓе… Вчера што ни се случи: Се распушти парламентот без да се почитуваат уставните рокови за изборите, за прв пат се поднесува “одложена оставка”, а во Уставот “оставка е оставка” и не е дозволено таа да биде “одложена” и за да биде политичката перзверзија поголема, “распуштено собрание (развластено) избра Влада”…

4117ustav_zps5f120912
Ајде да отпочнеме методолошки- дедуктивно.
Член 63 од Уставот на РМ

Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.
Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.

Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.
– И еве кај нас изборите се закажани за 24 април, а Собранието се распушти на 18 јануари… удрете математика.. изборите треба да се одржат во рок од 60 дена од распуштањето… тоа е на 18 март… Треба ли понатаму да се објаснуваме дека е прекршен чл. 63 ст. 3… за колку денови броете самите…
Член 93 од Уставот на РМ

Владата има право да постави прашање за доверба пред Собранието. Владата има право да поднесе оставка.
Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.

– И гледате ли некаде термин “одложена оставка”… еве Ве прашувам гледате ли!?… Нема! Пишува цитирам: “Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата.” … Каде пишува времена!?… Значи во македонскиот Устав не постои акт “времена оставка” (можеби во паметот на Груевски и останатите од ВМРО-ДПМНЕ)… И ете ти правна небулоза, или народски кажано “тресење зелени”…
Пред да поминема на следниот член да ве постетам дека вчера Собранието на РМ се самораспушти нешто 20 часот , а новата Влада ја избра во 22 часот.

Член 90

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

– Еве ве прашува каде во членот 90 од Уставот на РМ пишува дека Владата може да ја избере и распуштено Собрание… значи Собранието решило прво да не постои како такво, а сепак носи одлуки…и сега дали правно ние имаме легална, а уште помалку легитимна Влада!?
Луѓе да се разбереме !!… Секој од нас имал некаков проблем и го решавал во Суд и таму од пресудите може да се изначитаат секакви глупости и толкувања на законите (рекоредер е Управниот суд кој изработува пресуди кои во содржината-елаборатот немаат наведно изведени докази, утврдена фактичка состојба и одлучувачки факти)… ама сепак Уставот е далеку помналку сложен за читање и толкување… Не треба да е човек премногу писмен за да протолкува што пишува во него...

Само македонски политичари од власта го читаат Уставот на РМ како како да се “забавачиња”- си го разбираат како што сакаат… А обичниот народ трпи..

 

ФЃ