Девет средни училишта евакуирани поради закани од бомби во Њу Џерси

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Девет средни училишта во американската сојузна држава Њу Џерси се евакуирани или затворени по заканувачките повици или дојави за поставени бомби.

news-2013-Juni-sad_police_afp_988735235

Непознат маж во телефонски повик тврдел дека во училиштата, кои се наоѓаат во окрузите Берџен и Пасаик, има поставено бомби.

– Засега ништо не укажува за веродостојност на заканите, се наведува во соопштението на полицијата во Клифтон.

Преземени се сите мерки за претпазливост со цел да се гарантира безбедноста, а за резултатите од истрагата јавноста ќе биде дополнително информирана