Првите сириски бегалци пристигнаа на Исланд- прв ги пречека Премиерот

од desk4
147 прегледи

Исланд им посака добредојде на првите сириски бегалци кои пристигнаа денеска од бегалскиот камп на Црвен крст во Либан.

бегалци

Групата од шест сириски семејства ги дочека премериот на Исланд, Сигмундур Гунлаугсон. Од неговиот кабинет соопштиле дека им посакал да се чувствуваат како дома , пренесува AFP.

 

35 луѓе ќе живеат во три општини, Акурејер на север, Копавогуру и Хафанарфјордуру во близина на престолнината Рејкјавик.

– Ти благодарам Исланде, ова е прекрасна земја, вели еден Сириец.

Според сопштението од тамошната влада, има ветување дека ќе се вложат напори за да им се помогне на бегалците да изградат нов живот на Исланд и да се прилагодат на новите услови за да се вклопат во општеството.

Се очекува на Исланд да пристигнат наскоро уште четири сириски семејства,а некои одбиле да се преселат во таа европска земја, која е оддалечена повеќе од 5000 километри од Сирија .