Од вчера попладне времено е затворена границата меѓу Македонија и Грција кај котата 59 и не се пропуштаат бегалци, јави Плусинфо.
Како причината за застојот е блокада на меѓународната железничка линија за транспорт на бегалци во Словенија, а од македонското МНР добило известување од Словенија дека има дефект на воз поради што е блокирана пругата и било побарано времено да запре бегалскиот бран кон ЕУ.