(ВИДЕО/ФОТО) 30 мртви во крвавиот пир во универзитетот во Пакистан, талибанците демантираат дека се тие извршителите

од desk3
122 прегледи

Група вооружени мажи нападнаа универзитет во Северозападен Пакистан, земајќи ја за предност маската на густата магла, јави “Ројтерс”.

Сведоци раскажуваат дека слушнале истрели и две експлозии.

pak

Пред неколку минути безбедносните сили соопштија дека спасувачката операција, која траела 6 часа е завршена и четворица терористи беа убиени.

Според информациите на “Гардијан” најмалку 30 лица загинаа, а други 60 се повредени. “Ројтерс” зборува за 19 потврдени смртни случаи. Според министерот за здравство на Северозападната гранична провинција бројот на жртвите ќе се зголеми.

Меѓу загинатите има студенти, чувари, полицајци и најмалку еден предавач, идентификуван од страна на медиумите како Саид Хамид Хусеин, професор по хемија.

Многу од убиените биле застрелани во главата, раскажуваат очевидци. Еден од учениците изјави дека негови колеги скокале низ прозорците.

Полицијата изјави дека терористите ја користеле густата магла, се качиле на ѕидовите на Универзитетот “Баша Хан” и отвориле оган во луѓето. Многу од учениците уште спиеле. Некои успеале да се скријат во тоалетите.

Part-DEL-Del8397823-1-1-0

Првично одговорноста за нападот ја презедоа талибанците, пренесе агенцијата “Франс прес”. Висок командант на движењето објасни дека нападот е одговор на воената операција на владата против екстремистите.

Подоцна официјалниот портпарол на талибанците негираше тие да стојат зад нападот.

Претседателот и премиерот на Пакистан го осудија нападот и ги повикаа специјалните единици да се справат со терористите што е можно поскоро. Тие изјавија дека луѓето кои напаѓаат невини студенти и граѓани немаат религија и владата е решена “да ги елиминира”.

Според полицијата, напаѓачите влегле во универзитетот “Баша Кан” во Чарсада и отвориле оган во учениците и професорите.

Во високото училиште учат над 3.000 лица. Освен тоа денес имало и 600 гости, кои требало да присуствуваат на поетски рецитал.

Пакистан уапси и ликвидира стотици милитанти согласно антитерористичкиот план, воведен по нападот врз училиште во декември 2014 година, кога загинаа 134 лица, претежно деца.

Тој напад, беше припишан на талибанците и ја зголеми посветеноста на Пакистан да се справи со џихадистите долж границата со Авганистан.

Универзитетот “Баша Кан” е формиран во 2012 година во знак на сеќавање на активистот Абдул Гафар Хан. Тој е следбеник на Махатма Ганди и неколку аеродроми и образовни институции се крстени по него. Хан, кој жестоко се противи на отцепувањето од Индија, умира на 20 јануари 1988 година, додека е во домашен притвор во Пешавар. Илјадници луѓе се собраа на погребот на кој два автомобили бомби убиваат 15 луѓе.

Денес е 28-годишнината од неговата смрт.