Специјалната обвинителка Катица Јанева утре е повикана од Советот на обвинители за да одговора за досегашното работење.
Советот на обвинители од Јанева ќе бара одговори за начинот на предавањето на материјалите од страна на СДСМ, односно она што во изминатиоот период, секојдневно го повторуваа од ВМРО – ДПМНЕ.
Истовремено, три недели од новата година специјалната обвинителка е бидејќи Собранието не носи одлука со која ќе одобри финансиски средства за работата на СЈО за 2016 година. Според информациите од Специјалното јавно обвинителство, што ги објави Алсат М, финанскиот план е усвоен од Министерството за финансии и Владата, но, Собранието не го става на дневен ред за да може да се изгласа.