Полицијата изведе министрите и пратениците од подземен тунел

Демонстранти пред Парламентот на Молдавија упаднаа во зградата и се пробоија на вториот кат, каде се народните избраници. Полицајците ги молат луѓето да се разотидат, велејќи дека нема никој таму и пратениците веќе се извлечени во подземен тунел, јави lifenews.ru.
Демонстрантите сепак не си заминуваат, а сакаат средба со народните избраници. Се слушаат повици”Долу пратениците”, “Долу мафијата”, “Долу владата” и “Победа”. Луѓето во поранешната советска република излегоа на улица откако денес беше утврден нов состав на владата без никакво дискусија, без јасна програмат и што точно ќе прават министрите.
Тоа се случи со гласовите на 57 пратеници, иако во салата беа присутни 67 од вкупно 101 пратеници

Полицијата, која ја чува зградата на молдавскиот парламент во главниот град Кишинев, употреби солзавец против демонстрантите граѓани, пренесува РИА Новости.
Тензиите во центарот на Кишињев е ескалира при обид на демонстранти да навлезат на територијата на зградата преку задната врата. Пред парламентот веднаш бил поставен полициски кордон, со кој демонстрантите влегле во судири. Силите на редот употребиле палки и солзавец за да ги растераат демонстрантите.
https://youtu.be/0B7VJ8H40O8
Претходно стана јасно и дека и десетици новинари се блокирани во прес-центарот на народното собрание.
https://youtu.be/62p5gzawcJU