ВМРО ДПМНЕ ангажирала уште една консултантска фирма која ќе лобира за подобри позиции на раководството на паријата кај претставници на владата на САД. Со компанијата Глобал Секјурити склучени се два договори за соработка, едниот за сума од 35 илјади долари месечно, а според другиот ВМРО ДПМНЕ на Глобал Секјурити месечно ќе и плаќа 140 илјади американски долари, јавува Алсат-М.

Според информациите на телевизијата, договорите важат во периодот од први декември до 30 април годинава. Документите се објавени на 8 јануари, а на договорот е потпишан актуелниот премиер Емил Димитриев како генерален секретар на партијата.
Според договорите, компанијата ќе лобира за поддршка на македонската влада, ВМРО ДПМНЕ, лидерот и раководството кај американски политичари. Фирмата се обврзува дека ќе ја опише посветеноста на владеачката партија за отворена влада, ефективно лидерство и менаџментски практики.
Повеќе детали тука