Одложена Седницата на Советот на јавни обвинители против Јанева

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Седницата на Советот за јавни обвинители на која зад затворени врати требаше да се расправа за работењето на Катица Јанева нема да се одржи, јави Телмаsovet_na_javni_obviniteli_1 (1)
Таа е одложена за 27 јануари, а според истиот извор причината за откажувањето е болеста на претседателот на Советот.  На оваа седница требаше да се дискутира за предавањето на материјалите на Зоран Заев и тоа што не е направен записник ќе се дискутира. На оваа седница требаше се побара одговор од Катица Јанева за овој настан и детали околу нејзиноиот план за годишен распоред за работа.

Советот на обвинители денеска ќе атакува врз Катица Јанева

Советот на јавните обвинители е единствениот орган што има право да ја цени стручноста на работењето на специјалната обвинителка. Во тој контекст како што најавуваат провладините мегафони,  Според законските одредби, Советот на јавните обвинители ќе треба да реши дали ќе води дисциплинска постапка против обвинителката за несовесно и нестручно работење, што би можело да доведе и до нејзино разрешување

Според експертската јавност која  нескриено коментира дека ова е форма на тежок притисок врз Јанева, се со цел да се попречи  и девалвира нејзиното работење, и до колку и се заврши и заокружи која било истрага во врска со бомбите, полесно  да биде менџирана во јавноста и спречена нејзино кривично процесуирање да првите луѓе на власта.