Трендафил Ивановски ја доби државата во Стразбур, лустрацијата падна…

од desk3
136 прегледи

9CDE897E-23E2-4835-A297-EACEB81C281C_mw1024_s_n

Европскиот суд за човекови права пресуди во случајот со лустрираниот уставен судија Трендафил Ивановски. Според судот, со лустрацијата на Ивановски постои повреда на членот 6 и членот 8 од Европската конвенција за човекови права со образложение дека лустрациските постапки не биле фер и дека му било нарушен угледот и достоинството на Ивановски. Сега државата на Ивановски треба да му исплати отштета од 5, 350 евра.

Трендафил Ивановски до ЕСЧП се жалел дека лустрациските постапки не биле фер, дека му биле нарушени неговиот углед и достоинство и дека дека во постапките немало доволно време да ги подготви аргументите, како и дека не му бил овозможен пристап до досиејата.

 

Пресудата ТУКА