Министерите во Владата од редот на СДСМ Оливер Спасовски и Фросина Ташевска – Ременски денеска во Собранието дадоа свечена изјава како дел од преодната влада .
Потегот Спасовски и Ременски да дадат заклетва доаѓа по синоќешната одлука на Централниот Одбор на СДСМ, нивните министри да учествуваат во Владата до распуштањето на парламентот, односно 24. февруари, со ултиматум дотогаш да се корегира датумот за изборите.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот профил на „Фејсбук“ ја поздрави синоќешната одлука на опозицискиот СДСМ да остане дел од процесот на решавање на политичката криза во земјата преку активно учество во Собранието, Владата, како и во работните групи за спроведување на Договорот од Пржино.
Германија и Австрија планираат затворање на македонската граница и „мегакампови“ за бегалците
„Се надевам дека во следните денови сите политички партии ќе дадат свој придонес да се надминат и последните отворени прашања пред одржувањето на предвремените избори и на тој начин да бидат ценети од граѓаните како активни учесници во решавањето на кризата и враќањето во нормален тек. Граѓаните очекуваат подготвеност и решителност од политичарите и од политичките партии за да носат храбри одлуки во интерес на земјата и затоа ова беше единствената правна одлука во овие пресудни денови. Ние остануваме целосно посветени да помогнеме во подготвките на ДИК за предвремените избори и да ги затвориме веднаш и другите отворени прашања“, напиша Ахмети.
