Димитриев по состанокот со ДИК:Самата природа на проблемите не е таква да не можат да бидат решени

од desk3
105 прегледи

emil-dimitriev2-dik-640x306
Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денес одржа работна средба со претставници на ДИК, на која присуствуваа и министрите.

-Јас сум убеден дека преку една поинтензивна комуникација помеѓу Владата и ДИК ќе направиме услови за реализирање на изборите на 24-ти април. Претпочитам комуникацијата да ја водиме преку вакви средби, сметам дека преку оваа форма ќе имаме најдобра можност и начин да ги решаваме проблемите. Самата природа на проблемите не е таква да не можат да бидат решени. Верувам во капацитетот на моите соработници, а знам дека и вие сте на линија да направиме максимум за изборите да бидат организирани на еден фер и демократски начин.

Избирачки список: ДИК ќе ги вкрстува податоците од 13 државни институции

Сега формално како Влада задолжена да спроведување на изборите имаме право комуникацијата со институциите задолжени за организирање на изборите да ја подигнеме на повисоко ниво. Размислувам сите активности со кои Владата може да помогне, да ги ставиме на хартија, како еден документ кој што може да биде прва предточка на секоја седница на Влада, со тоа ќе добие и на динамика, рече Димитриев на средбата со претставници на ДИК.