Ердоган бесен поради влезот на руски војници крај северната граница на Сирија

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 Турскиот претседател Реџеп Ердоган изрази загриженост поради извештаите за зајакнување на руски делови на северната граница на Сирија во близина на Турција. Шефот на државата, исто така изјави по петочната молитва во Истанбул, дека вакво движење нема да се толерира. Според лондонската невладина организација Сирискиот центар за човекови права Москва испратила голем број инженери во сирискиот пограничен град Камишли, за да зајакнат патиштата и да го зголемат капацитетот на аеродромот таму.ердо

“Ние го  велевме тоа од самиот почеток: нема да толерираме вакви формации (во северна Сирија) покрај зоната која се протега од ирачката граница до Средоземното Море”, рече Ердоган. “Ние држиме до чувствителноста по ова прашање”, додаде тој. Според набљудувачите,   Москва, која со години е на спротивната страна  од Анкара за конфликтот во Сирија,  сака да направи  аеродромот за  руска база, како што направи во провинциите Хмејмим и Латакија. Камишли се наоѓа јужно од турскиот пограничен град Нусајбен. “Можам да кажам дека Турција внимателно ги следи секое воено движење по своите граници и особено границата со Сирија”, изјави за АФП извор од владата.

Според турскиот во. “Хуриет” , турската армија ги  зајакна мерките за безбедност,  и со копање ровови во некои од граничните зони. Високи руски претставници, вклучувајќи и од руското Главно разузнавачката  агенција (ГРУ), веќе го посетиле градот Камишли, и посочува уште  за весникот. Турција повеќе пати изразила  загриженост за руското испраќање на војници во Сирија, што според Москва е со цел  за борба против џихадисти во земјата, ма и не ше да е само поради тоа заклучуваат изворите.