Владејачката коалиција во Црна Гора се распадна

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Социјалдемократската партија (СДП), која е дел од владејачката коалиција во Црна Гора нема да ја  поддржи владата при претстојното гласање за доверба. Тоа го изјави денеска лидерот на партијата и претседател на црногорскиот парламент Ранко Кривокапиќ.4613258

Причината е “уништувањето на парламентарниот дијалог” од страна на Демократската партија на социјалистите на премиерот Мило Ѓукановиќ. “Членовите на главниот одбор и претседателството на СДП изгласаа едногласна одлука да не ја поддржуваат владата, поради уривање на парламентарниот дијалог и неуспешното смирување на политичките тензии во Црна Гора”, истакна Кривокапиќ.

Според него, неговата партија со години “дава незадоволителна оценка на работата на владата”. Запрашан дали ако Владата добие доверба, тој ќе поднесе оставка од функцијата претседател на парламентот и што ќе се случи со министрите на СДП во владата, Кривокапиќ одговори дека владата веќе изгубила легитимитетот. Тој нагласи дека создавањето на привремена влада е прашање за консензус на партиите на црногорската политичка сцена. Постојната влада на премиерот Мило Ѓукановиќ е неговиот петти кабинет во Црна Гора. Тој беше премиер во 2006 година, Кога земјата прогласи независност од Србија. На крајот на минатата година земјата доби покана за влез во НАТО.