Службата за општи и заеднички (СОЗР) работи донесе одлука да ја поништи постапката за јавна набавка на мебел за објектот на Владата која беше јавно објавена на електронскиот систем за јавни набавки пред два дена и предвидуваше набавка на 60-ина парчиња мебел.

СОЗР во соопштението кое попладнево го ипрати до МИА истакнува дека со набавката не станувало збор за мебел за опремување на Кабинетот на претседателот на Владата, како што било неточно наведено во дел од медиумите, туку мебел наменет за останатите владини простории.
Денеска Владата извести дека не била информирана и немала потреба од мебелот кој е наведен во спецификацијата на јавната набавка објавена од СОЗР, и дека не била консултирана и не се согласува со спецификацијата, и и наложи на СОЗР да ја поништи јавната набавка.