Нејзиното име се чува во тајност
Жена, пилот на турски борбен авион Ф-16, го соборила рускиот ловец Су-24 при кршењетпо на турскиот воздушен простор во близина на границата со Сирија на 24 ноември минатата година.
Ова го соопшти турско издание, кое се повикува на извори од турскиот Генералштаб.
Името на жената пилот се чува во тајност, пренесува БНР.
Потсетуваме дека откако рускиот самоубиец е пресретнат од радарот, два турски Ф-16 од базата во Дијарбекир биле насочени кон местото.Турските борбени авиони во текот на 5 минути 10 пати го предупредиле рускиот авион, дека го нарушил турскиот воздушен простор и веднаш да се повлече, велат тусрки извори Откако не се реализирале предупредувањата, авионот бил соборен со ракета, истрелана од турскиот борбен авион.
Соборувањето на рускиот авион ја разгори акутна криза меѓу Москва и Анкара, која продолжува и сега, како во политиката, така и во економската области.
Според воени извори, во турските воздухопловни сили служат околу 60 жени пилоти.