Се очекува тешки проблеми во регионот, Вучиќ не е оптимист за решавањето на кризата со мигрантите.
Српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека за време на Светската економска средба во Давос не видел доволно убедливи предлози за решавање на миграциската криза и за прв пат е загрижен за тоа што ќе се случува во иднина. Според него лидерите се повеќе се загрижени за политиката отколку за економијата и оваа година во Давас политичките предвидувања се мрачни. “Независно од доцнењето на кинескиот раст и проблемите на рускиот пазар, намалувањето на цените на нафтата, кои влијаат на поголемиот дел од светот, имам чувство дека политичкиот дел обрнува повеќе внимание на миграциската криза”, рече Вучиќ. Српскиот премиер соопшти дека не видел доволно убедлив пристап за решавање на миграциската криза, бидејќи според него, светот повеќе се занимава со последиците, а во оваа фаза нема и решенија. “За прв пат сум загрижен за тоа што ќе се случува”, истакна Александар Вучиќ и потсети дека доаѓа пролет, а во многу земји од Централна и Западна Европа многу брзо се донесуваат одлуки за затворање на границите. Тоа значи крај за Шенген, крај за слободно движење на луѓе, стоки и капитал, што целосно ја менува економската сцена. Одделни држави се обидуваат, преку кревање на партиции и ѕидовите да најдат решенија, но тоа може да доведе до големи проблеми во регионот. Во Србија имаме можност и сили да се заштитиме, но се плашам дека некаде во регионот ќе дојде до поголеми проблеми, појасни премиерот и соопшти дека разговарал за ова прашање со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Ципрас има идеи и начини за решавање на кризата, што тој ги смета за единствено можни … Дали Турција ќе ги прифати ќе видиме, не сум голем оптимист, рече уште Вучиќ и соопшти дека Ципрас набргу ќе го посети Белград, каде ќе разговараат за овој проблем