Има една држава во Европа, чиј однос кон оружјето води до повеќе трагични резултати отколку во САД, пишува Politico.
Државата е Албанија, земја кандидат за членство во Европската унија, која пред помалку од една деценија беше на прагот на граѓанска војна, откако поради финансиска пирамида половина бруто домашниот производ на земјата одеднаш исчезна. Протестите преминаа во улични борби и грабежи, а првите објекти на грабежите се покажаа дарежливите оружени магацини на Албанија.
Не е можно да се направи токму пресметка колку и какви оружја биле ограбени во овие месеци на беззаконие, но според податоците на владата тие можеби се половина милион. Други извори наведуваат дека бројот е два пати поголем. Автоматите “Калашников” на улиците на северозападниот албански град Скадар се продавале за 5 долари во овие години, раскажуваат очевидци.
Барем 210 000 се наоѓаат во рацете на нацијата од помалку од 3 милиони луѓе. 5.8 убиства со огнено оружје се паѓаат на 100 000 луѓе во Албанија, пресметува Вашингтонскиот универзитет. Според истата статистика САД се наоѓаат во далеку подобра ситуација во црната листа – таму поради пукање умираат 3,5 лица на секои 100 000.
Освен тоа, во поранешните југословенски соседи на Југославија, каде што оружјето се исто така ужива почит, смртноста предизвикана од нив, е значително пониска.
Во исто време во очите на Брисел проблемот со оружјето на Албанците не е вознемирувачко. Тој се префрли во итната потреба Тирана да се бори против организираниот криминал и корупцијата. Токму нивното широко присуство во сите нивоа на власта ги тера Албанците да се чувствуваат безбедно само ако имаат средства за самоодбрана и … победа.
“Се разбира, не можеме да ги обвинуваме луѓето. Како може нормален граѓанин да има доверба во полицијата и судството? Како можеш да ги убедиш дека немаат потреба од оружје ?, коментира поранешниот заменик-министер за внатрешни работи на Албанија Гент Страцимири.
Ништо не ја илустрира подобро ограничената моќ на албанското спроведување на законот од ситуацијата во планинското село Лазарат. По финансиската катастрофа во 1997 година неговите жители брзо воспоставуваат особено профитабилен бизнис: почнуваат усрдно да садат стотици хектари со марихуана. Во најуспешните времиња Лазарат произведува 900 тони марихуана годишно со вредност од 6.1 милијарди долари. Во 1999 година бруто домашниот производ на Албанија бил едвај 3,4 милијарди долари.
За да ја заштитат својата инвестиција, локалните жители се вооружуваа до заби. И благодарение на тоа, успеваа – обидите за полициски акции во селото да ги спречуваат со автоматски оган. Во јуни, 2014 година, истиот месец, кога Албанија беше прогласена за земја кандидат на ЕУ, 800 полицајци го опсадуваат селото. Жителите им одговараат со проектили и гранати.
Додека богатите и овластените во земјата употребуваат оружје, бидејќи знаат дека нема да има последици, обичните граѓани прибегнуваат кон оружјето токму затоа што не очекуваат да добијат правда на друг начин.
Додека Албанија била провинција на Отоманската империја до 1912 година, за утврдување на законот и редот на нејзината територија Истанбул не е вложувал особени напори. За да се компензира тоа, локалните заедници создаваат свои закони, познати како канони. Во отсуство на силно државно присуство што ќе го одржува мирот, луѓето се потпираа на принципите на честа за одржување на јавниот ред. Еден од најпознатите елементи на овој ред се крвните непријателства, познати како Gjakmarrja кои посочуваат кај кои околности треба да биде извршено убиство, за да се зачува честа на семејството.
Главниот муфтија на Саудиска Арабија забрани играње на шах
Во 1911 година New York Times пишува дека “пукањето е речиси единствената забава за младите мажи и жени во Албанија. Како момчињата, така и девојките се учат да пукаат, кога се на 12 години. Луѓето ги користат пушките во текот на денот и спијат со нив ноќе “.
Во времето на комунистичкото управување по крајот на Втората светска војна, како оружје, така и почитувањето на канонот, се строго забранети. Кога режимот се распаѓа, сепак, и двете работи повторно се овластуваат во албанското општество. Додека правдата станува корумпирана, луѓето, барајќи сигурност и ја земаат правдата повторно во свои раце.
Според податоците на ОН убиствата во Албанија се прославија со особено висок раст во 2010 година и остануваат чести од тогаш. Според набљудувачи сепак причината не е во тоа што Албанците поседуваат многу оружје, туку сериозниот економска потрес од 2008 година, кога албанските компании одеднаш се соочуваат со ограничен пристап до кредитирање, невработеноста отскокнува, а државните приходи од даноци – намалуваат.Во овој период многумина бараат финансиска помош на црниот пазар за кредити, чии начини за наплата на долгови “се често помалку цивилизирани”, пишува Politico. Проблемот е комплициран од фактот дека многу од заемодавците сами позајмуваат пари за да нудат илегални кредити.
Многу од убиствата биле извршени од страна на сопствениците на бизнис и сериозен имот – оние кои имаат што да загубат.
И токму во овие денови Албанија добива статус на држава членка на ЕУ. И најоптимистичките набљудувачи не очекуваат таа да влезе во Европската унија пред 2020 година Но, дури и да не успее да го реши проблемот со оружјето до тогаш, таа ќе најде добра поддршка и од земјите членки. Убиствата извршени со огнено оружје во некои балтички држави, на пример Естонија и Литванија, се многу почести отколку во било која друга држава членка – 5 односно 6,9 лица на 100 000 од населението се загинати на овој начин во 2011 година
Оригиналниот текст е објавен на веб-страницата на Politico.
