Според информации кои ги објави ОхридСкај специјални истражителни тимови на Специјалното Јавно Обвинителство на Р.Македонија отпочнале со пребарителни активности низ целата територија на Македонија.

Според сознанија на ОхридСкај истражителите на СЈО по претходно оздадени налози на специјалната обвинителка Катица Јанева започнале со чешлање на сите сегменти на објавените ,но и на необјавените „бомби“,кои СДСМ ги предадоа на СЈО. Истражители имало во скоро сите градови на Македонија , но она што ОхридСкај ексклузивно го дознава преставува фактот што за нив бил запознаен врвот на ВМРО ДПМНЕ , па така севкупната комуникација на главните „фаци“ на ДПМНЕ се одвивала преку Вибер и ВатцАП системот. На список на СЈО се градовите Битола, Прилеп, Охрид, Ресен, Кичево,Гостивар,Штип,Кавадарци, Струмица , Гевгелија, Скопје, тетово, Гостивар.
Воедно специјална екипа на СЈО веќе како што дознава ОхридСкај обезбедила пообемен доказен материјал за Изборните фалсификати, како и за организиран криминал од страна на тандемот ВМРО -ДУИ со бизис елитата тежок над 10 милијарид евра.
Исто така , до пред само една недела според истиот извор во СЈО самоиницијативно се пријавиле над 370 лица, кој побарале статус на заштитени сведоци, имало и голем број на бизнисмени блиски до власта ,кој беа ословувани во „бомбите „ со „Тој со ибицата“, „Дебелиот“, „Пелистерка“ итн.
Повеќе тука