Чешка, Словачка, Унгарија и Полска со план да ни ги обезбедуваат границите од имигранти

од desk3
79 прегледи

Чешка, Словачка, Унгарија и Полска имаат подготвен акционен план за заострување на контролата на границите на Бугарија и Македонија. Вишеградската група ќе дејствува, ако во февруари не проработи договорот за заштита на турско-грчката граница. Тоа, рече премиерот на Чешка Бохуслав Соботка пред државната телевизија во Прага.

slovenia-border-fence-migrant-crisis

Според него не треба да се дозволи повторување на ситуацијата од минатата година, кога во балканските држави во Централна Европа пристигнаа стотици илјади бегалци.

“Турција располага со доволно средства за да се стави контрола над бегалската криза. Многу едноставно е да се запре заминувањето на чамци од турскиот брег, наместо да се враќаат од грчка страна”, истакна Бохуслав Соботка.

Денеска нова рунда преговори за избирачкиот список и медиумите

Премиерот предупреди дека ако не влезе во акција договорот за контрола на границата меѓу Грција и Турција земјите од Вишеградската група ќе се фокусираат на други држави – Македонија и Бугарија , каде ќе учествуваат лично за зголемување на безбедноста на границите.

“Ако до одржувањето во месец февруари на Советот на Европа нема резултати од Турција и Грција, земјите од Вишеградската група ќе понудат своја алтернатива. Тоа значи притисок врз Грција и Турција и овие две земји да преземат мерки за регулирање на бегалската криза”, истакна чешкиот премиер Соботка.

Критични точки

Властите во Прага уште во декември одобрија план за испраќање на 25 чешки војници во Македонија. Од почетокот на годината од Грција добиле скоро 40 000 мигранти. Во изминатата година нивниот бројот надминува 700 000 луѓе.

Сите тие доаѓаат организирано со автобуси или возови до македонскиот пограничен град Гевгелија.

Пред неколку дена Соботка најави дека “Чешка е подготвена да ги затвори границите за мигранти, ако миграцискиот бран почне да ја загрозува националната безбедност”. Соботка повика да се прави разлика помеѓу бегалци кои бегаат од војната во Сирија и Ирак, и т.н. економски мигранти, кои сакаат да имаат корист од социјалниот систем на Западна Европа.

“Ние треба да им помогнеме на оние кои всушност им сме потребни, но не по цена на кршење на сопствената безбедност”, истакна премиерот. “Оние кои бараат азил, треба да се усогласат со законите и прописите”, категоричен е тој.

Според него клучната улога во разрешувањето на миграциската криза е на Турција. Во меѓувреме чешкиот претседател Милош Земан изјави дека НАТО треба да се вклучат во заштитата на границите и повика на ограничување на бројот на бегалците кои Чешка треба да ги усвои по квота системот на ЕК. “Не би го драматизирал земањето на три сириски семејства со болни деца. Не драматизирам и за неколку десетици илјади ирачки христијани, подложени на прогонување од муслиманите, но јасно велам: “Доста. Тоа е сè “, изјави тогаш Земан.