“Јас сочувствувам на бегалците, но ако може да не останат кај нас.” Горе-долу со тоа се исцрпува толеранцијата на балканските земји. Сега тие се подготвуваат за претстојниот пресврт во бегалската политика на Германија и Австрија- пишува DW.
Што всушност значи одлуката на Виена за воведување на горна граница за бегалци? Дали станува збор само за било какви пробни броеви, како што тврдат владејачките социјалдемократи во Австрија? Или е повеќе плацебо, како што велат критичарите? А можеби пак јужната граница на земјата ќе биде затворена штом во неа преминат 37 500 бегалци, како што инсистира опозицијата?
Додека Европа си го поставува овие прашања во земјите по бидејќи т.н. “балкански пат” на бегалците расте загриженоста. Во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија повторно се цртаат апокалиптични сценарија за тоа како по затворањето на австриската граница четирите поранешни југословенски републики ќе бидат притиснати од сите правци. А всушност ниедна од нив не сака да се претвора во камп за бегалци.
Започнува трката – Балканот под оружје
“Балканските правила”
Откако Австрија воведе официјално горна граница за бегалци, балканските земји gi пропуштаат само оние мигранти кои декларираат писмено дека ќе поднесат барање за азил во Австрија или Германија. “Тоа е во кршење на постоечките меѓународни конвенции, но и покрај тоа ние ќе се држиме до оваа политика”, објави хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ во крајот на минатата недела. Според него, сето сега зависи од Германија. “Хрватска е само транзитна земја на патот на мигрантите и нема да се претвори во жариште. Оваа криза треба да биде решена на надворешната граница на ЕУ меѓу Грција и Турција”, убеден е Остојиќ. Настаните од последните денови gi илустрираат многу добро овие нови “балкански правила”: во Словенија полицијата приведе привремено десетици мигранти, чија крајна цел не беше ниту Австрија, ниту Германија.
“Не треба да нè изненадува тоа што кај новите околности балканските држави реагираат панично и уште поцврсто”, вели пред Дојче Веле Павле Килибарда од белградскиот Центар за човекови права. “Сите тие се свесни дека сличен пристап ја прекршува Женевската конвенција. Само што земјите од Западен Балкан брзо можат да најдат оправдување. Тие велат дека штом големите земји-членки во ЕУ не ги почитуваат меѓународните договори, и тие можат да се однесуваат овој начин “, објаснува Килибарда и дополнува:” Не очекувајте на Балканот да се однесуваат како поголеми католици од папата. ”
Во вторникот Македонија ја затвори границата со Грција за 48 часа – под изговор дека во Словенија имало проблеми со железничките линии кои се користеле и од мигрантите. Љубљана сепак ја негираше категорично оваа информација. Истовремено српскиот премиер Александар Вучиќ, најголем приврзаник на политиката на отворени врати на Меркел во регионот, објави дека неговата земја имала капацитет да прифати не повеќе од пет илјади бегалци. Само толку биле силите на економијата на земјата.
Против оваа позадина набљудувачите се убедени дека резервниот план “Б” на балканските држави е исто толку неразвиен, како и планот “А”. Досега тие едноставно ги пропуштаа бегалците кон Западна Европа, а наскоро би можеле да се раздвижат во друга крајност и да ги затворат границите.
“Политичките елити ќе го послуша гласот на народот”, убеден е српскиот заштитник на човековите права Килибарда. “Луѓето од балканските земји размислуваат горе-долу така: на сиромашните бегалци треба да им се помогне, бидејќи се во неволја, под услов да не се одлучат да останат тука, бидејќи и ние сме сиромашни”, вели Килибарда. Тој е убеден дека Србија и нејзините соседни држави наскоро би поддржале ставање на огради на границите отколку изградбата на згрижувачки кампови за бегалци. А тоа би предизвикало домино ефект: Белград, Скопје, Загреб и Љубљана ќе прават што тие самите го сметаат за добро и ќе се оправдуваат со активностите на австриските и германските власти.
Добредојдено за шверцерите
Веќе видовме она што би можело да значи тоа: во ноември Словенија, Хрватска, Србија и Македонија одеднаш одлучија да пропуштаат преку границите само мигранти кои бегаат од војна. Тие проценија дека во овој простор спаѓаат луѓето од Сирија, Ирак и Авганистан. Но не и бегалците од Еритреја пример, кои всушност многу лесно добиваат азил во Германија, а и во другите северноевропејски земји.
Контролата на балканските граници, сепак не е особено строга: бидејќи бројот на пристигнатите во Германија мигранти од Северна Африка расте вртоглаво. Минатата недела унгарската полиција уапси петмина Срби, кои превезувале во своите автомобили нелегално мигранти од Турција, Сомалија, Нигерија, Индија и Шри Ланка.
“Само за една ноќ балканскиот хуманитарен коридор ќе се претвори во златен рудник за шверцерите на луѓе. До тврдината Европа во иднина ќе стигнуваат само оние кои можат да си платат за тоа”, напиша по тој повод словенечкиот портал “Вечер”.
Во последниве месеци бизнисот на шверцерите на Балканот речиси успеаја, бидејќи балканските држави ги пропуштаа бегалците слободно. Покрај тоа, тие организираа и транспорт до следната граница. Сега сепак работите можат да се променат и шверцерите да нагазат повторно за работа. Тие почнуваат полека да се будат од зимскиот сон.

