Попладне нова средба на работната група со Ванхауте, тема медиумите и избирачкиот список

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Нова средба на работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте треба да се одржи денеска попладне во Клубот на пратениците.

klub_na_pratenici_1_5

На средбата ќе се разговара за медиумите и за методологиите за прочистување на избирачкиот список.

Посредникот Ванхауте по завршувањето на разговорите вчера изјави дека на маса биле предлози на ВМРО-ДПМНЕ и оти заради партиски консултации за нив, нова средба ќе се одржи денеска во 17:30 часот.

Ванхауте за говорот на Груевски: Ако не ви се допаѓа пораката убијте го гласникот

Пред почетокот на средбата вчера белгискиот посредник изјави дека има нови предлози за медиумите и за прочистување на Избирачкиот список од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на претходни предлози на СДСМ.

На средбата присуствуваа претставнции на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и меѓународни претставници.