Последната недела од јануари нема да мине без конфликти во секторот на љубовта. Тоа донекаде се должи на ретроградниот Меркур. Бидете трпеливи, бидејќи по средината на неделата хармонијата во љубовта ќе биде факт. Еве што ве очекува според Хороскопскиот знак.
Овен
Месечината ќе се движи низ вашиот сектор на партнерствата. Обично тоа е време во кое емоционалната врска со вашиот партнер станува многу подлабока. Можно е да настане ситуација која ќе го остави во вас чувството дека партнерот не ги поддржува доволно во вашите настојувања.
Бик
Од понеделник до среда Месечината ќе се движи низ вашиот сектор на вистинската љубов. Ова ќе ве натера да се чувствувате хармонично со партнерот, дури и да се наоѓате само во сексуална врска. Исто така во љубовен план ќе се радувате и на поддршката на Меркур. Очекувајте некој ваш романтичен сон да се оствари.
Близнаци
За жал, ценети Близнаци, вашата владејачка планета Меркур нема да направи ништо во оваа недела, за да ве поддржи во љубовта. Можни се проблеми во комуникацијата со партнерот, кои произлегуваат од финансиско прашање. Бидете внимателни и не дозволувајте да ве манипулираат.
Рак
Ако се наоѓате во врска, оваа недела обидете се да бидете поделикатни и трпеливи кон партнерот. Партнерот може лесно да се провоцира и од најмали нешта, па потрудете се да остане смирен.
Дури и омилениот човек да се обиде да биде водечки во овој момент во вашата врска, не се обидувајте да подигнете кавга, бидејќи само ќе жалите. Вашата духовна врска ќе стане посилна, затоа искористете максимално од неа.
Лав
Оваа недела ќе се убедите дека партнерот ве прифаќа токму такви какви што сте. Ова ќе ве инспирира да измислите нешто убаво и романтично и да ја покажете својата приврзаност кон љубениот.
Девица
Во последната недела од месецот очекувајте да добиете јасност во однос на прашања поврзани со вашиот љубовен живот. Ќе најдете некакви објаснувања, но нема да добиете сè што ви треба во љубовта. Сепак ве очекува романса на крајот на неделата.
Вага
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе западнат во непријатна ситуација. Ваш близок роднина може да биде во конфликт со саканиот човек. Ако има можност избегнувајте ги оваа недела средбите со роднини или обидете се да ја совладате ситуацијата. И покрај недоразбирањата, потрудете се да си создадете повеќе романтични моменти.
Шкорпија
Иако на работното место ситуацијата нема да е многу мирно, тогаш љубовта ќе се компензира за овој стрес. Вашиот партнер ќе ве поддржи целосно и ќе ви помогне да решите некоја комплицирана ситуација.
Стрелец
Во овие денови обидете се да ја држите подалеку љубовта од парите. Можно е да се појават финансиски спорови меѓу вас и вашиот сакан, а вашите зборови да свират премногу остро. Ако сепак партнерот искористи од вас треба да направите правилна проценка за ситуацијата. Бидете внимателни и не дозволувајте да ве користат.
Јарец
Почитувани Јарци, оваа недела е добро да владеете повеќе со емоциите и зборовите кои ги упатуваме кон околината и партнерот. Не дозволувајте малите недоразбирања да прераснат во голем проблем. За среќа, омилениот човек ќе пројави разбирање кон вас и сè ќе заврши со романтика.
Водолија
Необична недела за врзаните Водолии во љубовен план. Партнерот ќе биде постојано до вас и на сите можни начини ќе се обиде да ве натера да се чувствувате необично. Радувајте се на љубов!
Риби
Ќе има раздвижување во општествениот живот. Некои од вас ќе се осмелуваат да ги откријат своите чувства кон близок пријател. Вашиот романтичен гест кон него може да постигне позитивен резултат.