ДС: Советот на јавни обвинители врши притисок врз СЈО

од desk3
110 прегледи

ds pavle

Демократскиот сојуз (ДС) денешната расправа во Советот на јавни обвинители, за работата на специјалниот јавен обвинител, ја оценува како груб притисок и обид за блокада на работата на Специјалното јавно обвинителство и повикува на воздржаност од сите партии.

Според ДС, разрешување на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева со измислени и фабрикувани наоди е невозможна работа, бидејќи таа има мандат утврден со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

– Парламентот е гарант за независноста на специјалниот јавен обвинител, и попусто се обидите на Советот за јавни обвинители да го дискредитира и да се наметне како институција која ќе диктира како треба и што треба да работи Специјалното јавно обвинителство, велат од партијата./MИА