Средбата на работните групи за спроведување на Договорот од Пржино која требаше да се случи вечерва е одложена. Тематски требаше да се дебатира за медиумите. Откако денеска беа оддржани партиски брифинзи на власта и опозицијата околу партиските решенија и предлози по реакциите на медиумската фела вечерашниот состоник на работните групи повтороно е одложен.

Средбата е одложена поради тоа што на партиите наводно повтроно им било потребно повеќе време за консултации.
Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за медиумите, Агенцијата треба да остане на сегашните 7 члена, со тоа што по двајца ќе предлагаат Здружението за новинари и Македонска асоцијација на медиуми (еден од нив да доаѓа од националните медиуми), а по еден член да предлагаат МАНУ, Адвокатската комора и Интеруниверзитетската конференција.
Што се однесува до финансирањето на МРТВ, Тодоров го изнел партискиот предлог медиумот наместо досегашните 0.14, да добива 0.17 отсто од државниот буџет, а воедно да остане обврската граѓаните да плаќаат радиодифузна такса.
ВМРО ДПМНЕ предлага сто дена пред избори медиумот да има двајца уредници, по еден на предлог на власта и на опозицијата, додека во вестите секоја партија да добива онолку простор колку што освоила гласови на последните избори.
Освен за медиумите, работните групи треба да договорат решение и за методолигијата прочистување на Избирачкиот список.