Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за медиумските реформи, така како што е претставен во медиумите, е несериозен. Тој не ги ослободува медиумите од стегите на политиката, туку ја озаконува контролата на партиите врз МРТ.
Накратко да потсетам што предлага Ван Хауте – расветлување на случаеите на насилство против новинари, департизација и деполитизација на МРТ и Агенцијата за медиуми, што значи стабилен извор на финансирање и исклучување на влијанието на политичките партии во Програмскиот сосвет на МРТ и Советот на Агенцијата за медиуми.
За финансирање на приватните медиуми, Ван Хауте предлага забрана на владините реклами, кои досега служеа како политичка пропаганда на владата платена со парите на граѓаните. Кампањи од јавен интерес, под јасни критериуми, може да се објават бесплатно во МРТ.
Освен ова, Ван Хауте предлага и укинување на обврската на приватните медиумите за домашна продукција на документарна и играна програма. Приватните медиуми се комерцијални компании, кои сами треба да ја креираат програмата, а не државата да им наметне непотребни обврски.
(Статус на Фејсбук на Насер Селмани)