Грчките власти вечерва соопштија дека границата на Македонија е затворена за мигранти кои одат кон централна Европа, поради што околу 2.600 луѓе се заглавени на грчката страна на границата.

„Полицијата ја затвори границата попладнево, иако причината за тоа не е јасна, а нивните власти не се достапни за коментар. Таа земја презеде слични активности во текот на два дена минатата недела“, наведуваат властите во Грција.
Локално побара одговор од МВР и од таму ни потврдија дека е точно дека границата со Грција привремено е затворена за мигранти.
„Причината за застој на пропуштање мигратни кај Кота 59 е зголемениот наплив на мигранти на Табановце, околу 650 лица, кои чекаат да заминат кон Србија како и 600 мигранти кои чекаат во кампот во Табановце. Додека не се намали бројот на мигранти кои заминуваат кон Србија нема да се пропуштаат лица, како не би се направила поголема гужва на Табановце, и би се чекало подолг период да заминат кон ЕУ.“, изјавија од МВР за Локално.