Се нудат 1 милион долари за математичка задача. Пробајте и вие!

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Банкар од Тексас Андреј Биел објавил награда од 1 милион долари за секој кој ќе успее да ја реши математичката задача, создадена од самиот него. Поставената задача до сега не е решена и ги мачи научниците од 80-тите години на минатиот век.

0154783001453892594_520522_600x458_actualno

За прв пат наградата е понудена во 1997 година, кога била само 5 илјади долари. Со текот на годините, износот се зголемувал.

Портпаролот на Американското математичко друштво – Мајкл Брин, истакнува дека задачата е доста потешка од сличниот математички проблем – Fermat’s Last Theorem, која стотици години не беше докажана.

Самиот Биел е самоук математичар и со наградата сака да ги поттикне младите луѓе да се амбицираат и надградуваат во сферата на математиката и науката.

Ова е задачата:
A ^ x + B ^ y = C ^ z каде ако A, B, C, x, y и z се позитивни броеви и x, y и z се поголеми од 2, тогаш A, B и C треба да имаат општ едноставен делител.

Среќно!