Синдикатот на македонската дипломатија излегува на протест

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Синдикатот на македонските дипломати на 1 февруари излегуваат на предупредувачки протест против, како што велат, целосна дерогација на основните функции и негова деградација како Министерството за надворешни работи“.mnr-zname

Од  Синдикатот на македонската дипломатска служба изјавиле дека долго време предупредувале на катастрофалната состојба во дипломатијата, што довело до депрофесионализација на дипломатската служба.  За протстоот кој   ќе се одржи пред МНР во симболично време 12.05, кога ќе бидат претставени и барањата на Синдикатот за репрофесионализација на дипломатската служба, тие добиле поддршка и од синдикалната повелба каде членуваат УПОЗ,  КСОМ, ССНМ, СМДС, СКМ, Солдарност  и Ленка

–  Се бара најитно ставање во мирување на сите измени на постојниот ЗНР од 2008 година наваму и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени и, со тоа, враќање во сила на оригинерниот текст ЗНР од 2006 г. за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика, најитно повлекување на Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор донесени во 2014 година, и враќање на Законот за државни службеници од 2000 г. во неговата оригинерна форма, за избегнување потполна зависност на вработените од актуелниот политичар на чело на институцијата – порачуваат пред најавениот протест од Синдикатот на дипломатската служба.