Печурките помагаат против дефицит на витамин Д

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Витаминот Д е многу важен за организмот. За да биде синтетизиран од нашето тело, сметаме главно на сонцето. Но, во текот на зимските месеци сонцето е ограничено, затоа треба да се најде алтернативен извор.c93629bbe3a8da4041b50d579bf1525dМногу луѓе страдаат од дефицит на витамин Д. Симптомите на оваа состојба се мускулна слабост, ниски нивоа на црвени крвни зрнца, зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и инциденти, проблеми со перцепцијата, астма, рак.За да се заштитите од овие ризици, лекарите советуваат да се јадат повеќе печурки во зима.
Печурките се природен извор на витамин Д. Тие го произведуваат по природен пат овој витамин, кога се изложени на сончева светлина. Според анализите во 100г. купечки печурки се содржат околу 2,3 микрограми витамин Д, што е 23% од дневната потреба на организмот.3fe0c987ce448650801f09346df9b06cОвие вредности можат да се зголемат значително, ако се консумираат диви печурки, кои растеле на директна сончева светлина, а не такви од стакленик со вештачко осветлување.
Една студија од 2015 година на научници од Универзитетот во Сиднеј покажа дека на пладне сонцето кое ги грее за 1 час печурките, ги тера да произведат околу 10 микрограми витамин Д во 100 г печурки.

Витамин Д2 пак се синтетизира до околу 17,6 микрограми на 100 г печурки. Тоа е количина, еквивалентно на тоа во мрсните риби, пишува care2.com.ee829df2826459434d9dbc36065fa50a

Човек има потреба просек од 5 до 15 микрограми витамин Д во зависност од возраста, тежината и полот. Имајќи го ова на ум, мала порција печурки би можела да ни помогне во набавката, дури и да не сме изложени на сонце подолг временски период.

Се разбира, не може да се потпираме само на витамините добиени од печурките. При секоја можност земајте ја потребната доза сончеви зраци без да претерувате. Така ќе се изборите со дефицитот на витамин Д.