Aнкетната за „фабриката за лични карти“ почна да работи без опозицијата

од desk3
119 прегледи

 
Анкетната комисија за „фабриката“ со фалсификуваните документи усвои Деловик за работа без опозицијата. За СДСМ формирањето на ваквата комисија е спротивна на Договорот од Пржино, а Специјалното Јавно обвинителство е тоа кое ќе го истражи случајот.

Falsifikuvani-licni-karti

„ВМРО ДПМНЕ ја измисли оваа комисија за да направи обид во јавноста да се изедначат злосторникот и оној кој што го соопштил злосторотот“, изјави пратеникот Петре Шилегов
Претседателот на комисијата Илија Димовски и остави простор на опозицијата да предложи свои кандидати. Тврди дкеа се работи за голем скандал, украдени над 100 илјади идентитети, пронајдени прислушувани разговори, фалсификувани лични карти и пасоши.
„Таа фабрика била политичка фабрика чија цел била да креира хаос во државата“, рече Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ,
Политичките партии упатија меѓусебни обвинувања и за нефункционирањето на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.Според Шилегов ,комисијата нема да ја исполни задачата од Договорот од Пржино и не може да изготви извештај до крајот на јануари, а за виновни ги посочи функционерите на Вмро-Дпмне кои одбиле да сведочат јавно. Вмро Дпмне со спротивен став, Социјалдемократите ја суспендираат работата на комисијата и одбиваат да го повикаат за сведок Зоран Заев.