Бошкоски на слобода во јуни?

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Одложено рочиштето за случајот „Ровер“. Седмообвинетиот Љубе Бошкоски, поранешен министер за внатрешни работи чека дали Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе го преземе предметот.Можна ли е конечно ослободителна пресуда за Бошковски е отвореното прашање за сите?ljube

Убиство и помагање на убиство – се делата за кои се товарат десетмината обвинети во случајот Ровер. Од нив, според обвинителството, тројца се директни извршители на двојното убиство врз Марјан Тушевски и Киро Јанев во јули 2014година , а останатите помогнале за да се случи. Љубе Бошковски, поранешниот министер за внатрешни работи на РМ е седмообвинет. Тој се товари за помагање на убиство, односно дека му одобрил на сега починатиот Орце Коруновски да го лиши од живот Маријан Тушевски, притоа му ветил дека никогаш нема да поведе истрага против него.

Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година, во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни. Имено, поранешниот министер за внатрешни работи  Љубе Бошкоски  за помагање на убиство доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, додека на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.  Првите тројца обвинети, пак, кои според Обвинителството се директните извршители на убиството, во отсуство беа осудени  на доживотна казна затвор. Четвртообвинетиот Вук Вукичевиќ, исто така странски државјанин на кого му се судеше во отсуство, за помагање доби 15 години. Судскиот совет на чело со судијата Илија Трпков, кај обвинетите за помагање не утврди умисла за убиство на Киро Јанев, туку само на Марјан Тушевски.