Патрик Петер е одликуван за своите исклучителни активности и посветеноста на светот на мотоспортот и историските автомобили, објави AutoBest жирито.
Жирито од 26 автомобилски новинари кои претставуваат 26 европски земји го изгласа Патрик Петер за добитник на SportBest 2015 наградата за неговите исклучителни активности и посветеноста на светот на мотоспортот и историските автомобили. „Г-дин Петер преку својата компанија Peter Auto брилијантно организира 8 до 10 настани со класични автомобили секоја година во цела Европа и пошироко. Г-дин Петер е еден од најдобрите организатори што го има денес светот на автомобилизмот. Начинот на кој тој ја основа Le Mans Classic е извонреден и ја заслужува нашата благодарност симболизирана со наградата европски SportBest“, изјави Дан Варди, основач и претседавач на AutoBest.
Од 1980 година Peter Auto има постигнато меѓународен углед на полето и на класичните и на модерните автомобили, станувајќи клучен лидер во таа област. За повеќе од триесет години Патрик Петер создаде многу настани за модерните и класичните автомобили во Франција и во странство, вклучувајќи ја и првата меѓународна трка во Кина која се одржа во 1994 година во Жухаи. Најуспешни настани му се Tour Auto, Le Mans Classic и Le Mans серијата, која после осум години се претвори во светски шампионат во издржливост. Во 2014 година Патрик Петер чија прва страст е да се создадат и воспостават нови врвни настани, навлезе во еден поинаков предизвик со Chantilly Arts & Elegance Richard Mille, создавајќи еден нов стил.
SportBest 2015 наградата ќе му биде врачена на г-дин Петер за време на годинешната 15-та по ред AutoBest Awards Gala манифестација што ќе се одржи на 11 февруари во Милано, во легендарниот Ветра театар на Џани Версаче. Високо ценета како најважен годишен независен автомобилски настан во Европа, секоја година оваа манифестација се одржува во друг град. Тоа значи дека секоја европска земја застапени во жирито има можност да биде домаќин на AutoBest Awards Gala вечерта на секои 26 години. Секоја година на овој настан се среќаваат врвните директори од различни компании. AutoBest Awards Gala манифестација еволуираше во текот на овие 15 години во европски гала настан со уметничка содржина од светска класа, гурманско мени и уникатно големото финале за AutoBest наградите. Клиенти од цела Европа стапуваат во контакт со лотаријата организирана од AutoBest, преку која им се овозможува да учествуваат на гала вечерта.
за AutoBest
Организацијата AutoBest беше создадена во 2001 година, со револуционерен концепт на „best buy автомобил“ достапен на европскиот пазар. За да стане AutoBest победник, автомобилот мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и сеопфатноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни. При одлучувањето за победникот AutoBest жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми.
AutoBest жирито исто така посветува внимание на напорите на автомобилската индустрија. Инвестициите, новите можности за работа за луѓето во автомобилскиот сектор, трошењето средства за „зелени“ автомобили и технологии, како и поддршките на различни региони на Европа внимателно се следат и ценат од страна на жирито. И новите автомобилски технологии и можности за поврзување се исто така под лупа на жирито. За споменатите достигнувања тоа доделува вкупно осум награди: ManBest, CompanyBest, EcoBest, DesignBest, TechnoBest, SafetyBest, SmartBest и SportBest. Добитниците на сите овие награди, вклучувајќи го и европското автомобилско признание AutoBest 2016 со кое е награден Fiat Tipo/Aegea, беа објавени на 15 декември 2015 година.