RSE: Во џамиите нема закана од радикален ислам ама Македонија е плодно тло за радикален ислам

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Поглаварот на ИВЗ вели дека засега нема опасност, но за во иднина не може да гарантира и повикува на заедничка соработка за справување со оваа закана. Експертите  за РСЕ велат дека Македонија е плодно тло за создавање на радикален ислам

Поглаварот на ИВЗ Реис ул Улема, Ефенди Сулејман Реџепи, изјави дека во џамиите нема закана од радикален ислам, но во иднина не знае како ќе се одвиваат работите и ги повикува сите субјекти во државата да работат заедно за спречување на оваа појава. Минатата година ИВЗ побара од полицијата да интeрвенира за враќање на контролата во двете скопски џамии кои неколку години не беа под нејзини ингеренции, а не е непознато дека таму имаше лица кои не се наши државјани и вршеа проповеди. Поглаварот има резерви кон акциите кои ги имаше во меѓувреме полицијата и смета дека ИВЗ сама се справува со овој проблем. и

„Што се однесува до радикалниот ислам моментално, барам таму каде што ние дејствуваме и вршиме надзор, можам слободно да гарантирам дека нема сега засега. Не може да гарантирам во наредниот период како ќе биде, тука треба сите субјекти заеднички да настапиме. Сега засега, за жал, јас сум убеден дека правната држава не функционира“, вели Реџепи кој е гостин во неделното интервју на Слободна Европа.

Експертите нагласуваат дека Македонија и натаму не е имуна на влијанијата на исламските терористи и дека остануваме плодно тло за создавање на радикалниот ислам.

 

Според податоците на институциите, околу 130 државјани на Македонија биле или се уште се на боиштата во Сирија. Еден од факторите кои придонесуваат за радикалниот ислам во Македонија, според професор Славески, е тоа што Македонија е мултиетничко општество, а ризик фактор претставува и сиромаштијата.

повеќе тука