Алсат:Преодната влада доби одврзани раце од Антикорупциска

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Антикорупциската комисија ѝ даде одврзани раце на преодната Влада буквално да прави што сака до денот на објавување на датумот на изборите. Може да вработува во јавна администрација, да именува и разрешува функционери, да склучува и раскинува договори за концесија на државно земјиште, да носи урбанистички планови, да менува закони. Одлуката е донесена во понеделникот, а во вид на Мислење е објавена на веб страната на Комисијата, oбјави Алсат М ТВ.

миленков
На прашањето: „Дали постои законска пречка да има нови вработувања во државната администрација“, Комисијата одговара:

АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА:
„За време на мандатот на составот на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, согласно Законот за спречување на корупцијата и Изборниот законик, не се предвидени такви активности и поради тоа не постои законска пречка да има нови вработувања во администрацијата.

Забараните не важат, според Комисијата, само во одреден случај:

АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА
„Од денот на донесување Одлука за распишување на избори до завршувањето и изборот на Владата постои законска пречка да има нови вработувања, освен во случај на итни и неодложни работи“… наведуваат од Антикорупциската комисија.

Дозволените привилегии на Владата до датумот за избори важат и за: именување и разрешување на директори, членови на управни и надзорни одбори, амбасадори итн. Потоа може да се носат одлуки за висината на платите во државните институции, во јавните установи и други друштва основани од државата.

Според Комисијата, има подрачја каде Владата може да носи одлуки и за време на изборната кампања. Може меѓу другото да дава на трајно користење државно градежно земјиште.

Владата се до одредување на датумот на изборите има и други привилегии кои директно можат да влијаат врз гласачите. Може да доделува државни пари на странски компании, да распишува конкурси на факултети за стипендии, да дозволува формирање на приватни установи, да утврди максимален износ на ново задолжување. Ова мислење Комисијата го дава во време кога во Македонија се зголеми корупцијата и сега сме на 66 место на светската листа, пипува Алсат М.