Ние не сакаме да се бараат држави кои не се оградиле и таму да се истурат сите бегалци и да ги потопи миграцискиот бран

За жал не можевме да постигнеме консензус на неколкуте европски совети кои се одржаа досега. Продолжувам да тврдам дека барем еден чекор понапред можеме да направиме – веднаш да се затворат надворешните граници на ЕУ, додека оние милиони или не знам колку се, бидат спречени. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов на заедничкиот брифинг со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, јави БГНЕС. Се надевам на средбите и во февруари и понатаму, да бидеме искрени и кон самите мигранти. Не може приливот да продолжува, не може да има цели коридори преку Грција, Македонија и да одат во Западна Европа, и веќе таму со потрошени парите и ги враќаат назад. Тоа е дури и нехуман од тоа да кажат: запираме. И кога има ред за влез во Европа тогаш ќе има и други правила, истакна Борисов. Тој е убеден дека “ако пред 5-6 месеци не беа чуле и тогаш ги имавме одлуките на надворешните граници, сега ќе имавме неколку стотици илјади мигранти помалку да враќаме назад”. Борисов е категоричен дека дека треба да имаме европска позиција. “Ние не сакаме да остануваат држави кои на време не се оградиле па аму да им се истурат сите бегалци и да ги потопи, па пазете си и своите народи, па мислиме и за заедничката европска солидарност, и се надеваме дека нашите колеги и партнери да бидат повеќе активни кога ги решаваат овие прашања. Тоа што сме прави за овие прашања, не ни носи задоволство. Проблемот останува иста и треба да се реши “, истакна уште Борисов
Европејците се загрозени. Миграциските прашање е прашање на јавна безбедност, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференција во Софија . Досега масовната миграција се третира како економскои културен прашање. Во изминатите недели веќе станува збор на безбедност – не станува збор за нашите социјални мрежи и култури или економија, станува збор за нашата национална безбедност, терористичката закана се зголемува. Миграција прашање е прашање на безбедноста, а секој политичар е избран да ги заштити своите граѓани, изјави Виктор Орбан за време на заедничкиот брифинг со Бојко Борисов. Унгарскиот премиер повика дека ако Европа сака да биде коректна, тогаш треба да и понуди членство во Шенген на Бугарија. Убаво е да водиме дискусии за принципите, но сега мора да ги заштитиме луѓето. Европејците се загрозени, особено жените и послабите. Тука, во Бугарија, не знам каква е културата, но во Унгарија од тригодишни не учат дека ако некој прави нешто лошо на некоја девојка, девојката треба да е заштитена. Затоа миграциските прашање е прашање на јавна безбедност, рече Виктор Орбан. Тој најави дека на 15 февруари ќе има состанок на Вишеградската четворка на која на маса се ове европски проблеми.